Основно училиште „Аврам Писевски“

 

 
 
 
Урбана заедница: Бардовци
Адреса: „ул.12“ бб 
Телефон: 30 95 949
E-mail: director@oouavrampisevski.edu.mk;

info@oouavrampisevski.edu.mk
Веб страна: http://oouavrampisevski.edu.mk/
Директор: в.д  Кристина Андриќ Стојановска  (контакт 078/386-925) 
Кратка биографија: Училишниот објект е лоциран во атарот на с. Бардовци на ул.12 бб – Скопје. ОУ „Аврам Писевски“ има статус на самостојност од учебната 1985/1986 година и до денеска функционира како самостојно.

Реонот на Општинското основно училиште „Аврам Писевски“, ја опфаќа територијата на населените места с.Бардовци и населбата Злокуќани.

Училишниот објект е од тврда градба, располага со училнички простор 2429 м2 , а училиштето располага со дворна површина од 7760 м2 и на него се изградени спортски игралишта за ракомет, мал фудбал и кошарка.

Во училиштето се воспитуваат и образуваат 244 ученици распоредени во 15 паралелки. Наставата се изведува на македонски наставен јазик. Училиштето работи во една смена. Во училиштето се вработени  вкупно 35 лица од кои наставен кадар 26 лицa.

ООУ „Аврам Писевски“ има потпишано меморандумн за соработка со ООУ„Пашко Васа“ од с.Групчин, Тетово, и е партнер со ООУ „Лиман Каба“ од с.Љуботен. 

 

Патронен празник: 06 Јуни

 

Facebook