ПОКАНА ДО НВО ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

 

 

Почитувани претставници на граѓанскиот сектор,
Како резултат на Јавниот повик објавен од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со Проектот за подобрување на социјалните услуги – за изразување на интерес за аплицирање за средства за грант и развој на социјални услуги, Ве информираме дека Општина Карпош ги повикува сите заинтересирани страни (граѓански организаци) да достават краток опис за услугата за која имаат интерес  (проект) и вид на социјална услуга која се заинтересенирани да ја пружат, а е наведена во Јавниот повик.

Рокот за доставување на проекти е до 06.10.2019 година (недела).
Проектите мoжат да се достават по електронски пат, кај помошник раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес, Гордана Зафировска, на e – mail: gordana.zafirovska@karpos.gov.mk .
 
Ве молиме при доставувањето на проектите оставете и информации за контакт ( e – mail и телефон од задолжено лице).
Општина Карпош ќе ги разгледа доставените проекти и ќе организира консултативни средби со сите граѓански организации кои пројавиле интерес – доставиле проект за пружање на одредена социјална услуга на територија на Карпош.
 
Преку овој инклузивен процес сакаме да се информираме за идеите и предлозите на граѓанскиот сектор во сферата на обезбедување на социјални услуги на локално ниво, со цел да се пружи подобра заштита и нега на граѓаните на Карпош.
За дополнителни информации  и детали можете да се јавите на Гордана Зафировска со тел. 071 – 345 – 686 или да ја исконтактирате на посочената e – mail адреса.
Во прилог е и Јавниот повик за социјални улуги и Формуларот за изразување на интерес.

 

Јавен Повик (ЛИНК)
Формулар за изразување на интерес (ЛИНК) 
 
Ви благодариме на соработката.