Заврши реконструкцијата на детското игралиште спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, во урбаната заедница „Пецо Божиновски – Кочо“. Општина Карпош го отстрани стариот и оштетен „брод“ и на негово место постави нови реквизити за најмладите.

 

Поставени се нови клацкалки и тобогани, со што се подобрија условите за рекреација на децата од овој дел на Карпош.

 

Овој период, се работи и на обнова на детското игралиште на улицата „Варшавска“ во Тафталиџе 1. И на оваа локација, старите реквизити целосно ќе се заменат со нови.

 

Локалната самоуправа ги повикува сите граѓани на одговорно користење на новопоставената опрема.

 

Во изминатиот период, општината реконструираше повеќе детски игралишта. Обновени се детските зони во Карпош 4 (на ул. „Никола Парапунов“), во Жданец, во Козле (на ул. „Јуриј Гагарин“) и Влае 2 (кај спортско – рекреативната зона долж Кејот).