Поставени се нови реквизити на детското игралиште во Бардовци. Старите и дотраени реквизити се заменети со нови, со што се овозможуваат подобри услови за рекреација на најмладите жители од овој дел на Карпош.

 

Целосната реконструкција чини 249.000 денари, средства од Буџетот на општина Карпош. Имајќи предвид дека за секоја реконструкција се трошат јавни пари, апелираме на уште повисока свест при користењето на детските и спортски игралишта.

 

Локалната самоуправа континуирано вложува во одржување на јавните површини и креирање на простори за спорт и маалски соживот на граѓаните.

 

Во близина на детското игралиште, во Бардовци, пред две години се реконструираше и спортското игралиште, како и големиот фудбалски терен.

Локалните жители честопати ги користат овие спортско – рекреативни зони кои се лоцирани во централниот дел на населбата Бардовци.

 

Во овие моменти, службите продолжуваат со реконструкција на детското игралиште спроти хотел „Карпош“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“. А, во изминатиот период беа обновени и игралиштата во Тафталиџе 1 (на „Варшавска“), спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, во Козле, Жданец, Влае 2 и Карпош 4.