Проф. Д-р Наташа Пеливанова 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја определи проф. д-р Наташа Пеливанова, член на Советот на Општина Карпош, за заменик градоначалник на Општината,  која ќе ја врши оваа функција за време на спреченост или отсуство на градоначалникот.

Ова решение е донесено врз основа на член 52 став 5, 6 и 8 од Законот за локалната самоуправа на Република Македонија.

Пеливанова е доктор во областа на правните науки. Таа е редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје. Има значаен придонес во научно – истражувачката дејност како автор на многубројни трудови издадени во домашни и меѓународни специјализирани списанија.

На последните локални избори, Наташа Пеливанова е избрана за член на Советот во Општина Карпош. Членува во Комисијата за урбанистичко планирање, Комисијата за јавни дејности (образование, социјална и детска заштита), Комисија за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за прописи при Советот на Општина Карпош.

E-mail: natasa.pelivanova@karpos.gov.mk

Наташа Пеливанова е родена  во Скопје на 9.7.1964 година каде го завршила основното и средното образование.Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј” во 1986 година со просечен успех 9,39.

Од 1.7.1987 година до 30.4.1987 година работела како приправник во Окружниот суд во Скопје.Во 1988 година била избрана за помлад асистент на катедрата за кривично право и криминологија на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита во Скопје.

На постдипломските студии, насока  кривично – правни науки и криминологија на Правниот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје се запишала во 1987/88 година, каде во 1994 година го одбранила магистерскиот труд стекнувајќи се со звање магистер од областа на кривичното право и криминологија.

На Факултетот за безбедност и општествена самозаштита работела до неговото укинување во 1996 година, кога била преземена во Министерството за внатрешни работи каде била вработена на повеќе работни позиции до септември 2008 година.

Во 2008 година на Правниот факултет “Јустинијан Први”-Скопје,  се стекнала со научен степен доктор на правни науки. Во 2008 година година била избрана во звањето доцент на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи-Битола, а во 2012 година во звањето вонреден професор.

 Од 15.9.2014 година работно е ангажирана на Факултетот за безбедност-Скопје, каде во 2017 година е избрана во звањето редовен професор.Го има положено и правосудниот испит.

Автор е на  универзитетски учебници,   скрипти,   монографија и  бројни научни и стручни трудови  објавени во  меѓународни и  домашни научни списанија. Учесник е на бројни меѓународни научни и стручни конференции.Нејзина област се  управно правните, воведно правните и прашањата поврзани со правото на Европската унија.

Во моментот е член на Советот на Општина Карпош со мандат 2017-2021 година.

Со решение на градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев е определена за член на Советот на општина Карпош, кој ќе го менува градоначалникот во случај на негово отсутво или спреченост да ги извршува работите од негова надлежност.

Член е на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именување, Комисијата за јавни дејности, Комисијата за прописи, Комисијата за урбанизам и Комисијата за еднакви можности.

Facebook
Големина на фонт