Општина Карпош деновиве изврши целосна реконструкција на едно од најголемите детски игралишта на своја територија, кое е лоцирано на ул. „Никола Тесла“ во населбата Карпош 1. Старите дрвени реквизити кои беа дотрајани и не беа безбедни за употреба сега се заменети со нови, кои се изработени од солиден материјал.

За оваа намена, локалната самоуправа постави и дополнителни реквизити со кои ја збогати содржината на ова урбано детско катче кое претставува фреквентно место каде што најмладите карпошани се социјализираат и рекреираат.