ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛ. „ЊУДЕЛХИСКА“

 Ги известуваме нашите сограѓани кои живеат на улица „Њуделхиска“, (У.З „Владо Тасевски“), дека поради поставување на нова инсталациона мрежа, почнувајќи од денеска вечер, (06.11.2018), привремено ќе биде исклучено уличното осветлување. Поради комплексноста на оваа интервенција, се очекува новото улично осветлување да биде пуштено во употреба, најдоцна, петнаесет дена од почетокот на теренските работи. Однапред ви благодариме на разбирањето.