НОВИ КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ ВО КАРПОШ 1 И КАРПОШ 3

 Општина Карпош постави нови, 17 корпи за отпадоци во урбаната заедница Карпош 3, на потегот меѓу основното училиште Лазо Трповскии болницата 8 Септември”.

Нови корпи за отпадоци се поставија и во Карпош 1, на ул. Орце Николов, во близина на Центарот за странски јазици.

 Локалната самоуправа продолжува со постојана грижа за јавната хигиена и животната средина.

 Во оваа прилика, апелираме до сите граѓани, отпадот да се фрла на соодветните места (корпи) и урбаната опрема да не се уништува.