ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ГРАЃАНИ НА КАРПОШ

 Советниците од Советот на Општина Карпош, на денешната 14-та по ред седница ги одобрија предлог-одлуките за  определување на финансиска помош на Драган Апостоловски и на Снежана Караџовска. На  седницата, исто така, беше одобрена и одлуката за давање на согласност за ослободување од плаќање административна такса за правните лица при донесување на барање за потпишување на меморандум за соработка и за физичките лица при аплицирање за добивање на картичката „Мој Карпош- моја картичка“.

Членовите на Советот на локалната самоуправа ја изгласаа и Предлог-одлуката за одобрување  финансиска поддршка за спортско-рекреативни и здравствени проекти за  физички и правни лица од Општина Карпош, како и Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2018 година.

На  оваа седница, се изгласа и   Предлог - одлуката за понишување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за закуп на паркинг места од „Веропулос Дооел Скопје- Веро 2“, У.З „Владо Тасевски“, за корисници - жители на Општина Карпош од станбената зграда на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 74.