КАРПОШ ПРОДОЛЖУВА СО ПОДДРШКА ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ

 Општина Карпош и  во учебната 2018/2019 година, ќе доделува стипендии на талентирани спортисти, жители на Општина Карпош, кои учат во  VIII и IX  одделение во општинските основни училишта на подрајчето на Општина Карпош. Исто така, на денешната тринаесетта седница, се одобрија средства за доделување на стипендии за талентирани ученици од општинските основни училишта во Карпош за учебната 2018/2019 година. Советниците ги одобрија и Предлог-програмите за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на развојот за 2018 година, како и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во  образованието за 2018 година. Советниците дадоа „ виза“ и за Предлог-Програмата за изменување и дополнување на Програмата за планирани активности на Одделението за односи со јавност за 2018 година.

 

На денешната тринаесетта седница, се изласа и Предлог- Заклучокот за усвојување на Извештајот за работите во однос на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Карпош во првото шестмесечие во 2018 година. Се усвоија и Предлог- заклучоците за усвојување на Годишната програма за работа на четирите детски градинки кои се наоѓаат на територија на Општина Карпош за учебната 2018/2019 година, и тоа : ЈУОДГ „ Мајски Цвет“ ,  „Орце Николов“, „ Пролет“, како и градинката „ Распеана Младост“.

 

Советниците ги одобрија и одлуките за одобрување на финансиска поддрѓка за санација на плато и скали на влезот на Кинотека на Македонија, доставено од  Јавна установа Градска библиотека „ Браќа Миладиновци“, Скопје, Република Македонија, бр 03-388/1 од 27.06.2018 година- Кинотека на Македонија, бр.05-658/3 од 29.06.2018 година и  ја прифатија одлуката за одобрување на барањето финансиска поддршка за одржување на меѓународниот „ ФИС ролер ски куп Скопје“, доставено од клуб по биатлон и нордиско скијање и скијачки скокови, бр. 09-6755/1 од 16. 08.2018 година.