ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН ВО НЕРЕЗИ

 Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ја посети црквата Свети Пантелејмон во Средно Нерези, каде, традиционално, граѓаните од овој дел на Карпош го чествуваат овој верски празник.

Честитајќи им го празникот, во ова пригода тој се сретна со повеќемина граѓани со кои разговараше за повеќе прашања и барања од секојдевието на жителите на Нерези за кои може да им помогне локалната самоуправа.