НОВ СПОРТСКО-АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

 На  дванаесеттата  седница на Советот на Општина Карпош , која се одржа на 12 и 13 .јули 2018,  советниците дискутираа по вкупно 61  предлог-точки. Со давање на  „ виза“, за кофинансирање на проектот „ Спортско-адреналински парк-„Карпош“, ќе започне изградбата на овој спортско-рекреативен,  мултинаменски парк на кејот на реката Вардар. Советнциите ја прифатија  Предлог-одлуката за одобрување на финансиски средства за летен одмор на ученици од семејства во потешка материјална состојба, кои се  жители на Општина Карпош. Исто така, советниците дадоа согласност за објавување оглас за финансиска поддршка на спортско-рекреативни и здравствени проекти за физички и правни лица од Општина Карпош.

Советот ја одобри и одлуката за одделување на финансиски средства за купување на периодични паркинг картички за корисници-жители на Општина Карпош, од СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје - Трговски центар Скопје Сити мол.

Советот на денешната седница ја прифати и донацијата од опрема за игралиште за деца кај Веро 2, У.З „ Владо Тасевски“ од Верополус ДООЕЛ Скопје, како и донацијата- летниковец во Влае 2 од  АД „Пивара- Скопје“. На седницата  беше одобрена реализацијата на  проектот Меѓународна детска ликовна колонија „ Св. Пантелејмон“.

 Советниците исто така ги усвоија годишните извештаи за работата на десетте општински основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош и тоа: „ Аврам Писевски“, „ Братство“, „Вера Циривири-Трена“, „ Владо Тасевски“, „ Војдан Чернодрински“, потоа „ Димо Хаџи Димов“, „ Јан Амос  Коменски“, „ Лазо Трповски“, „ Петар Поп Арсов“ и „ Христијан Тодоровски-Карпош“ за учебната 2017/2018. На седницата беше усвоена и Годишната програма за работа на десетте општински основни училишта на Општината за 2018/2019 година,  а беше прифатена и Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности за учебната 2018/2019 година.