SCIENTIX НАГРАДА ЗА КЦК И ООУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“

 На фестивалот STEM Discovery Week 2018- Недела за промоција на природните науки, кој се одржа викендов од 22 до 24 јуни во Брисел, Белгија, проектот на КЦК (Креативен центар Карпош) и ООУ „Јан Амос Коменски“- „It is COOl to be STEM“ беше еден од наградените од страна на Scientix http://www.scientix.eu/spw23-at-fcl-after. Минатиот викенд, во Брисел, во просториите на European Schoolnet Academy се одржа и 23-тата работилница Science Future Classroom („Училница на иднината“).

Карпошовиот проект “It is COOl to be STEM”- е награден од страна на Scientix, при што, во соработка со STEM Alliance беа доделени наградите за најуспешните проекти организирани за време на STEM Discovery Week 2018 во која кампања, покрај Креативен центар Карпош учествуваше и ООУ„Јан Амос Коменски“. На европско ниво во рамките на оваа кампања беа организирани околу 800 активности од 40 држави.

За време на петдневниот фестивалот од 23-27.04.2018  беа организирани шест работилници во кои беа опфатени 150 ученика од III –IX одделение од десетте основни училишта од Карпош. Одговорна за реализацијата на активностите беше  наставничката Александра Блажевска, која воедно е и Scientix Ambassador  и претседател на Креативен Центар Карпош.

              Оваа награда е уште една потврда дека во Карпош образованието е на исклучително високо  ниво, што го покажува фактот дека на фестивалот беше препознаен квалитетот на проектот кој е и  единствен награден од Македонија.