ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА КУЛТУРАТА И СПОРТОТ ВО КАРПОШ

 На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците расправаа по вкупно деветнаесет предлог точки од значење за граѓаните и функционирањето на локалната самоуправа.

Советниците одобрија буџетски средства за финансирање  на проекти од областа на  културата и тоа: за реализирање на програмата за работа на Фолклорно аматерско здружение студио „ ЕТНОС“, за реализирање на програма за работа на АКУД „ Мирче Ацев“ и за реализирање на програма за работа на Младинско културно уметничко друштво „ Цветан Димов“, како и за печатење на книга на поетесата Лидија Лучко Јеремиќ.

 

Исто така, советниците одобрија Одлука за изменување и дополнување на  финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош за 2018 година, а  ги изгласаа Програмата за планираните активности на Одделението за односи со јавноста за 2018 година, и за изменување и дополнување на неколку програми и тоа за: урбанистичко планирање за оваа година, за екологија и нергетска ефикасност, за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Карпош, како и Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Карпош за 2018 година.

 

На оваа седница се донесе Одлука и за изменување и дополнување  на Одлуката за согласност за времено давање на користење без надомест на недвижни ствари во сопственост на Општина Карпош ( четири (4) деловни простории на надземниот премин „ Влајко“) на државен орган - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Советниците дадоа согласност и за превземање во сопственост на Општина Карпош на еден (1) двоен и еден ( 1) единечен тениски терен во дворот на ООУ „ Петар Поп Арсов“, Општина Карпош од Влада на Република Македонија- Агенција за млади и спорт.