ЗАЕДНИЧКА ИФТАР ВЕЧЕРА ВО ПРЕСРЕТ НА РАМАЗАН

 Соживотот не смее да претставува парола туку реалност која се манифестира во реализација на повеќе проекти, посочи градоначалникот Стефан Богоев на вчерашната Ифтар вечера во Карпош, организирана од страна на локалната самоуправа.

 Во Долно Нерези, во присуство на повеќе граѓани и претставници од Црковниот и Џамискиот одбор, градоначалникот Стефан Богоев упати искрени честитки до присутните, посакувајќи им добро здравје, мир и благосостојба.

 Нерези е симбол на соживотот во Карпош, место кое ги обединува различните култури и обичаи, а меѓучовечката толеранција од секогаш била реалност.

Примарна цел на локалната самоуправа е да се обезбеди рамномерен развој на сите делови од Карпош.

 Во таа насока, градоначалникот Богоев посочи дека во Нерези, во изминатиот период се реализираа повеќе инфраструктурни зафати, се презентираше новиот урбан сквер (на границата меѓу Долно Нерези и Тафталиџе 2), а во процес на решавање е и горливиот децениски проблем со водоснабдувањето.

 На Ифтар вечерата присустувааа и претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, како и членови на Советот.