НОВИ СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ ОД ОПШТИНА КАРПОШ

 Едногласно, на денешната десетта седница на Советот на Општина Карпош, советниците ја одобрија одлуката за добивање на финансиски средства, за замена на стари куќни водомери на со нови ултразвучни и интеграција на истите во системот на далечинско отчитување на системот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, нагласи дека ова е грант од ЕБРД преку Министерството за транспорт и врски кој ќе изнесува  околу 200.000 евра. Со  овој проект би се опфатиле 500  куќни  домаќинства. На оваа седница, исто така беше одобрена предлог-одлуката за субвенционирање на купување на нови велосипеди. По масовниот интерес за првата ваква акција, во која беа предвидени 300.000 денари, локалната самоуправа продолжува со уште една ваква акција, во која се предвидени дополнителни 360.000 денари финансиски средства, со кои ќе се помагаат карпошани да купат нови велосипеди.

 

Денеска, советниците ги усвоија и Извештаите за работата во областа на детската, здравствената и социјалната заштита, културата и образованието. Исто така, се усвоија и Извештаите за работата во областа на заштитата и спасувањето, екологијата и енергетската ефикасност и работата на организација на Советот за периодот од 01.01 до 15.05 .2018 година.

 

На оваа седница, советниците го усвоија и предлогот за времено  давање на недввижни ствари (простории на локалната самоуправа на надвозникот „Влајко“) на  Министерството за земјоделие на Република Македонија.