38-МА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

 Советниците од Советот на Општина Карпош, денеска ја одржаа 38-та седница на која беа изгласани точките на Дневниот ред. Советот расправаше за повеќето точки од областа на образованието, спортот, како и безбедноста на територија на Општината. На денешната седница присуствуваа и граѓаните на Општина Карпош кои се информираа како работи Советот и на кој начин нивната Општина се развива во една од најурбаните Општини во Република Македонија.