КАРПОШ СЕ РАЗУБАВУВА

 

 

Општина Карпош продолжува со пролетното разеленување на Општината и оплеменување на зелените површини. Засадени се нови цвеќиња и украсни грмушки на повеќе локации во Карпош: платото во Карпош 3, платото во урбаната заедница „Пецо Божиновски Кочо“ (спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“), плоштадот „Делфина” во Влае, платото во Бардовци, како и на кружниот тек помеѓу ул. „Варшавска” и ул.„Париска”.