„ЈАН АМОС КОМЕНСКИ “ НОВИ ШАМПИОНИ ВО КОШАРКА

 Во возбудливо и  до крај неизвесно финале кошаркарите на  ООУ „ Јан  Амос Коменски“ ги победија основците од ООУ „ Димо Хаџи  Димов “, со резултат од 41-35. Пред многубројната публика во малата сала на С.Ц „ Борис Трајковски“, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, кој како што истакна со задоволство  го проследил финалниот натпревар.

 

-Честитки  до второпласираните кошаркари од „ Димо Хаџи Димов“, и нивната навивачка група „ Димо“, како и до овогодинешниот кошаркарски шампион  во училишните  карпошови лиги- кошаркарите од  „ Јан Амос Коменски“ . Сакам да упатам голема благодарност и до наставниците кои ги образуваат и воспитуваат нашите таленти кои учат во училиштата на територијата на нашата локална самоуправа, потенцираше првиот човек на Општината.

 

Најдобар играч на натпреварот беше прогласен  Јосиф Јаковлевски   од „ Димо Хаџи Димов“, додека најдобар стрелец е Саве Манојловски од „ Јан Амос Коменски“. За најталентиран играч е избран Паоло Блажевски од „ Христијан Тодоровски Карпош“. Градоначалникот Богоев, им го додели победничкиот пехар на кошаркарските шампиони, како и медалите  и  дипломите на победничките екипи.