ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО КАРПОШ

 По повод одбележувањето на 17 март-Денoт на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството во Република Македонија, на 16 Март(петок)  2018 година во просториите на Црвен крст на Република Македонија-Општинската организација Карпош а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија ќе се одржи 38-та по ред традиционална крводарителска акција.

Крводарителската акција  ќе се реализира во периодот од 10,00 до 14,00 часот и на истата граѓаните-квродарителите повторно ќе имаат можност да ја покажат својата хуманост со доброволно дарување на крв.