ИТНИ МЕРКИ НА КАРПОШ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО

 ИТНИ МЕРКИ НА КАРПОШ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО 

 

 

-          Општина Карпош презема интервентни мерки за справување со загадувањето.  За таа цел, најавувавме започнување на процедура за итна набавка на прочистувачи за воздух за сите градинки и училишта на територија на Општина Карпош.

-          Итно ги запираме градежните активности кои    произлегуваат од работењето на Општина Карпош, а се однесуваат на тековно одржување на улицитие, тротоарите и слични градежни зафати кои ги реализира Општина Карпош.

-          Бараме сите приватни изведувачи и   инвеститори да го следат примерот на Општина Карпош и да запрат со градежни активности во моментите кога загадувањето е на највисоко ниво.

-           Ќе продолжат редовните контроли и инспекции на градилиштата, со цел да се спречи узурпирање на јавните површини и предизвикување на дополнителна нечистотија и загадување.

Ги повикуваме сите инвеститори, фирми, претпријатија на општествена одговорност, да донираат прочистувачи на воздух или заштитни маски за граѓаните, или да донираат финансиски средства на наменската сметка на Општината која е објавена на веб страницата и на Facebook страната на Општина Карпош.

-           Продолжува да биде активна и понатаму телефонската линија за пријавување на загадувач, која е отворена на 24-ти ноември и на која граѓаните ги повикувам активно да пријавуваат загадувачи кои палат оган на отворено.

-                  - Заедно со Градот Скопје, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање и заедно со Државниот инспекторат за животна средина продолжуваме заеднички и координирано да бараме трајни решенија за решавање на проблемот со загадувањето на територија на Општина Карпош и Градот Скопје.