ЈА СПАСИВМЕ АЈА

     По трет пат службите на Општина Карпош излегоа во пресрет на молба на граѓаните, и повторно во хумана мисија на спасување маче. Домашното милениче Аја, исплашено од уличните кучиња, се искачило на врвот од највисокото дрво на улица Струма, во Карпош 3. Се разбира, се случи паника и кај нејзините сопственици г-ѓа Мермина и Хазем, но и кај малото маче. Во немоќ, тие се обратија до Општина Карпош за помош. Општината разбирливо им излезе во пресрет на своите сограѓани и уплашената Аја е повторно во рацете на своите сопственици.    

#животзааја