СОЛИДАРНИОТ ДУХ НА КАРПОШ

 

 

По повод одбележување на  Националниот ден на служба“ денеска, Амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје организираа крводарителна акција и акција за собирање на прехрамбени продукти и облека.  Кон оваа хумана акција која се реализира во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, се приклучи и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој донираше финансиски средства, облека и прехранбени производи.

 

Националниот ден на служба и сеќавање се одбележува од 2002 година во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон, подржан од дветте партии, со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.