ЗАПОЧНА УЧИЛИШНИОТ ТУРНИР „ФУДБАЛ НА ПЕСОК"

 Со денешните елиминациони натпревари  помеѓу основците од Општина Карпош, започна четвртиот по ред турнир „Фудбал на песок" на терените на кејот на реката Вардар, поточно на спортските терени на Градската плажа. Натпреварите од оваа спортска манифестација, која ја организира Одделението за спорт и култура при Општина Карпош, се играат помеѓу училишните екипи од десетте основни училишта од Карпош .

 

Во рамки на четвртфиналните натпревари кои се одиграа денескабеа постигнати следниве  резултати:

 Фудбалерите од ООУ„Јан Амос Коменски" славеа против своите ривали од ООУ„Христијан Тодоровски Карпош"со резултат 2:1, додека пак, учениците од ООУ„Лазо Трповски" беа убедливи против своите соперници од ООУ„Војдан Чернодрински" со резултат 3:1. Без примен гол во својата мрежа славеа и фудбалерите од ООУ„Петар Поп Арсов", совладувајќи ги соперниците од ООУ„Аврам Писевски" со 2:0. Неизвесно беше на дуелот помеѓу основците од  ООУ„Димо Хаџи Димов" и ООУ„Владо Тасевски", кој младите влаевчани го добија во своја полза со резултат од 6:5 на пенали. Во среда ќе се одиграат полуфиналните натпревари.