ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНИ И ПОПЛОЧЕНИ УЛИЦИТЕ ВО БАРДОВЦИ

 Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска од  населбата Бардовци, нагласи дека локалната самоуправа токму во ова населено место  поплочува  деветнаесет улици, со вкупна должина од 1.800 метри. Општинскиот татко Јакимовски, истакна дека оваа инвестиција е со  вкупна вредност од 8.100.000 денари,  финансиски средства одвоени од буџетот на локалната самоуправа. До крајот на мандатот, ќе бидат поплочени улиците: 10, 12, 14, 16, 18 и 19, а изведувач на оваа инвестиција е фирмата „ Агроселце“.

 

-                    Со поплочувањето и со асфалтирањето на  улиците, населбата Бардовци ќе биде целосно урбанизирано населено место. Граѓаните кои живеат во овој дел на Општината  Карпош, исто така ќе имаат решени инфраструктурни услови за живеење, токму онака како што имаат жителите на Тафталиџе, Влае, Карпош 3,4 и сите останати урбани заедници кои се наоѓаат на територија  Карпош, категоричен беше првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

 

 

Одговарајќи на новинарско прашање, Јакимовски потенцираше дека општинската администрација и самиот тој како градоначалник на Општина Карпош во континуитет работат и ги решаваат проблемите на граѓаните на локалната самоуправа, и дека тоа не е случај само пред избори.

 

-                    Доказ за тоа се објавените тендерски постапки, преку кои ние ги реализираме проектите кои се од корист за карпошани.  Општина Карпош секогаш низ годините се наоѓа или на првото место по сработени проекти, или меѓу првите три општини од сите општини во Република Македонија, вклучувајќи го и Градот Скопје.

 

Градоначалникот Јакимовски, прецизираше дека во изминатите четири години се изградени над педесет фасади, заменети голем број на покриви и лифтови, изградени детски паркови, плоштади, заменета и поставена над осумдесет километарска фекална и атмосферска канализација, целосно реконструирани детските градинки и основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општината  и дека сето тоа е резултат на постојаниот ангажман на општинските служби.

 

-          Повеќе од 85 % од ветените проекти пред граѓаните се реализирани, и слободно можам да кажам дека граѓаните на Општина Карпош се задоволни од работата на општинската администрација и од мене како градоначалник. Граѓаните се тие кои ја даваат довербата на избори, и убеден сум дека ние нивната доверба сме ја залужиле и повторно ќе ја побараме, појасни градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.