ПОКАНА: БЛАГОДАРНИЦИ ЗА НАЈМАЛИТЕ ЛИКОВНИ ТВОРЦИ

 Утре, четврток (11.05.2017 година) во Кинотеката на Македонија, во 11 часот ќе се отвори изложба на ликовни творби на децата од градинките во Општина Карпош кои изминатата недела на плоштадот Делфина во населбата Влае, цртаа и твореа и го претставија својот ликовен талент на ликовниот хепенинг насловен „Пролетни видувања“. На изложбата ќе бидат доделени благодарници и дипломи за децата-учесници како и за менторите-воспитувачки од детските јавни установи во Општина Карпош.