РОДЕНДЕНСКА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ


                По повод 17 март - Денот на основањето на Црвен крст на Република Македонија и одбележување на денот на крводарителството во државата, минатиот викенд се одржа традиционална крводарителна акција. Оваа 37-ма по ред хумана активност се одвиваше во просториите на Црвениот крст на Република Македонија-општинска организација Карпош, во соработка со Инсистутот за трансфузиона медицина.

                Својата хуманост преку дарување на крв и овој пат ја потврдија 17 граѓани и волонтери, членови и соработници на организацијата на Црвениот крст, а традиционално беа доделени плакети и благодарници на повеќекратни крводарители.

Исто така, во оваа прилика на двајца долгогодишни крводарители им беа врачени благодарници и плакети за 50 пати дарување на крв и на еден крводарител за 75 пати дарување крв. На сите крводарители ,Живко Поповски Цветин им подари слики изработени во акрил со мотиви  „Цвеќето на мирот“.