НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ЗА НАЈМАЛИТЕ КАРПОШАНИ

Шаренилото ги развесели детските лица од Карпош 1. Постоечкото, но, сега веќе целосно обновено детско игралиште, денеска официјално беше пуштено во употреба, по само седум дена константна работа, а фирмата изведувач е „Лапласт М“. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги поздрави присутните и го прогласи овој ден како ден  на кој за  ова игралиште започнува пролетта.

 

                        -Ова е детско игралиште кое е направено уште во 1992 година и после 15 години целосно го реконструираме и го ставаме на располагање на нашите најмлади жители на Карпош 1 и Карпош 2. Не постои ниту едно детско игралиште на територија на Општина Карпош коешто Општината има намера да го поништи или било што друго да се направи на негово место, затоа што вакви простори има многу малку во нашата Општина, односно вклупно 56. Нив ги чуваме и ги браниме за нашите најмали жители. Ние сме прва Општина која започна да ги оградува овие детски игралишта и да ги ставаме под клуч, за да ги заштитиме од оние несовесни граѓани коишто, особено во раните утрински часови доаѓаат и ги оштетуваат реквизитите кои треба да им служат за разонода и релаксација на нашите најмлади жители – рече првиот човек на Општината кој упати апел до сите граѓани да се ангажираат и да се погрижат истите да останат во нова и употреблива состојба.  

 

Градоначалникот Јакимовски напомена дека вкупните средства кои се издвојуваат од општинската каса за иградба или реконструкција на сите игралишта во локалната самоуправа се околу 150 илјади евра.

 

-Ова игралиште, кадешто заменети се сите реквизити, поставена е нова ограда и заменет е песокот, локалната самоуправа ја чинеше околу 450 илјади денари – заврши Јакимовски.

 

Замената на детски игралишта на териториja на Општина Карпош,  не завршува тука. Во наредниот период следи реконструкција на детски катчиња на улиците „Букурешка“ во Тафталиџе 1 и „Варшавска“ во Тафталиџе 2.