ЕДУКАТИВНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

 Во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската aмбасада во Скопје, со подршка на општина Карпош и компанијата за постапување со е-отпад „Елколект “Доо Скопје, денеска, Центарот за климатски промени, одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад. Презентациите се оддржаа во ООУ „Братство“ и ООУ „Лазо Трповски“ и беа наменети за учениците од V-IX одделение.

 

На презентациите учествуваа околу 100 основци од двете училишта. За време на презентациите беа споделени информации за влијанието на е-отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, како и за негово правилно третирање. Исто така, беа истакнати примери зошто е важно да се рециклира и како да се намалат негативните влијанија на е-отпадот преку редуцирање и реупотреба.

 

Слични презентации ќе бидат оддржани и во второто полугодие од оваа учебна година, со цел да се опфатат поголем број ученици кои ќе се стекнат со информации за можностите и влијанијата на е-отпадот. Проектот „Електричниот отпад создава можности“  започна да се спроведува во јули  годинава и ќе се спроведува до јули 2016 година.  Целта е подобро спроведување на новите законски обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема (ОЕЕО) кои стапија на сила на 1 Јануари 2015 година.  Воедно  се подига свеста на населението, со фокус на децата од основните училишта за негативните влијанија на електричниот и електронски отпад (ЕЕО) врз животната средина и здравјето на луѓето.