Братство

  ОУ Братство

Училиште:

Братство

Урбана заедница:

Тафталиџе 2

Адреса:

ул „Московска“ бб

Телефон:

30 77 889

E-mail:

ou_bratstvo@yahoo.com

Веб страна:

http://ooubratstvo.edu.mk

Директор:

ВД  Јадранка Поповски (контакт 078/477-840)

Кратка биографија:

Основното училиште Братство - Скопје дејствува како самостојно училиште, се наоѓа на ул „Московска“ бр.18, во чиј склоп има и подрачно училиште во с.Г.Нерези. Во него се образуваат и воспитуваат ученици на македонски и албански јазик.

Училиштето е изградено после земјотресот во 1964 година (монтажно училиште-англиски тип).

Реонот на Општинското основно училиште „Братство“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе 2 што се простира на исток до ул „Московска“, на север до бул„Партизански Одреди“, на запад до р.Вардар и на југ до ул „Теодосије Гологанов“ и населените места Горно и Средно Нерези.

Училиштето располага со 3426 м2 училишен простор и дворно место од 16751 м2. Во скилоп на училиштето има една фискултурна сала и две асфалтирани игралишта за кошарка и ракомет како и детско игралиште изградено од Општината.

Наставата во училиштето се изведува на македонски и албански јазик во две смени за 560 ученици распоредени во 27 паралелки и тоа 137 Македонци во 9 паралелки и 416 Албанци распоредени во 17 паралелки.Во училиштето се организира и проширена програма (продолжен престој). Воспитно образовна и друга дејност во училиштето вршат 57 лица.

Училиштето Братство е збратимено со ОУ „Јахја Кемал“ - Бурса (Р.Турција)

Патронен празник:

9 Мај