Војдан Чернодрински

  ОУ Војдан Чернодрински

Училиште:

Војдан Чернодрински

Урбана заедница:

н. Тафталиџе

Адреса:

ул „Дрезденска“ бр.3

Телефон:

30 66 610, 30 61 922

E-mail:

vojdancernodrinski@yahoo.com

Веб страна:

http://oouvojdancernodrinski.edu.mk/

Директор:

Христина Ристевска (контакт 070/380-246)

Кратка биографија:

Училиштето е лоцирано во централното градско подрачје на ул „Дрезденска“ бр.3 населба Тафталиџе во Скопје. Училиштетео е изградено 1955 година во тврда градба. Поделено е на два дела: ниска и висока зграда.

Реонот на Општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе што се простира на исток до ул„Франклин Рузвелт“, на југ до ул „Теодосије Гологанов“, на север до бул „Партизански Одреди“ и на запад до ул „8 Септември“.

Просторот што го зафаќа училиштето изнесува 4848 м2 и дворна површина од 6398 м2 овозможувајќи активен одмор и рекреација на учениците на трвните површини. Училиштето има и спортски игралишта.

Основното училиште дејствува како самостојно училиште во две смени и во него се воспитуваат и образуваат 643 ученици во 25 паралелки со наставен и друг кадар од 53 лица. Наставата во основното училиште се одвива на македонски јазик. Основното училиште Петар Поп Арсов организира и продолжен престој за своите ученици.

Патронен празник:

15 Мај