Јан Амос Коменски

  ОУ Јан Амос Коменски

Училиште:

Јан Амос Коменски

Урбана заедница:

Тафталиџе 1

Адреса:

ул „Варшавска“ бр.23

Телефон:

30 64 645, 30 78 899

E-mail:

oujak@yahoo.com

Веб страна:

http://ooujanamoskomenski.edu.mk/

Директор:

Емилија Арсовска (контакт 075/341-515) emarsovska@yahoo.com

Кратка биографија:

Основното училиште „Јан Амос Коменски“ - Скопје е сместено на ул „Варшавска“ бр.23 во населбата Тафталиџе 1. Изградено е по земјотресот во 1963 година како подарок од Чехословачка, а со работа започнува во април 1964 година. Од учебната 2008/2009 година учениците учат во нова, модерна, по европски стандарди изградена училишна зграда.

Реонот на Општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе 1 што се простира на исток до ул „8 Септември“, на југ до ул„Теодосије Гологанов“, на север до бул „Партизански Одреди“ и на запад до ул „Московска“.

Вкупната квадратура на училиштето изнесува 5105 м2 и дворно место од 24680 м2. Училиштето располага со фискултурна сала и со игралиште во училишниот двор.

Во училиштето учат 612 ученици во 26 паралелки. Во училиштето се вработени 57 лица. Наставата се одвива на македонски наставен јазик и училиштето организира продолжен престој за учениците кои учат во него.

Училиштето е збратимено со ОУ „Станислав Сремчевиќ“ - Крагуевац (Р.Србија)

 

Патронен празник:

28 Март