КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „КАРПОШ“-ЕДУКАЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ

 На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците ги усвоија сите точки на Дневниот ред. Зелено светло тие дадоа за предлог одлуката за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на станбени објекти во ДУП северен ден од локалитетот на касарната „Илинден“. Во рамките на точката која беше на Дневниот ред, предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2015 година, претседателот на Комисијата за јавни дејности и член на Советот на Општина Карпош, проф. д-р Зоран Поповски, ја презентираше програмата и идејата на Креативниот центар-Карпош како своевиден инкубатор за сите креативци и ентузијасти од основните училишта на територијата на локалната самоуправа како и целите и условите во истиот. Советниците на 39-тата седница на Советот едногласно ја усвоија и последната точка на Дневниот ред, предлог решение за давање согласност на Статутот на приватна детска градинка.