ОПШТИНСКА ПОДДРШКА ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОШТЕТЕНИ ПОКРИВИ

„Распеана младост“, „Мајски цвет“, „Пролет“ и „Орце Николов“. Освен тоа, за градинката „Распеана младост“, Советот даде согласност на Одлуката донесена од Управниот одбор на градинката, за формирање Комисија за утврдување на потреба за зголемување на бројот на упишани деца над усогласениот капацитет на истата. На седницата се усвои и последната точка од дневниот ред, односно разгледување на барањето за помош за покривање на рамна проодна тераса на заеднички станбен објект на улицата Никола Тесла. Градоначалникот Јакимовски, излезе пред присутните со образложение на ставот на локалната самоуправа, околу потребата за одобрување на поддршка за овој станбен објект: -Станува збор за жители на Карпош, кои преку својата заедница на станари самостојно, единствени досега, самостојно собрале средства, односно над 20 илјади евра за реконструкција на покривната површина и бараат поддршка од Општината-рече Јакимовски. За таа цел градоначалникот на Карпош предложи да се обезбедат ламарина, штрафови и парна брана за овие граѓани на кои материјалите им сé од големо значење во реконструкција на нивното живеалиште. Инаку, Општина Карпош наскоро ќе распише оглас на кои ќе може да аплицираат заедниците на станари и од други згради од општината, за идентична поддршка во реконструкцијата на покривите, а изборот и приоритетите врз основа на кои ќе се доделува помошта од локалната власт, ќе биде врз основа на јасно дефинирани критериуми, според бројот на станари, годината на изградба и степенот на оштетеност на станбените објекти, односно итноста за реконструкација.
ОПШТИНСКА ПОДДРШКА ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОШТЕТЕНИ ПОКРИВИ