УСВОЕН СТРАТЕШКИОТ ПЛАН ЗА 2015-2019 ГОДИНА

Во стратешкиот план пред сé главна тема е унапредувањето на живот на граѓаните на Општина Карпош, а на семинарот кој се одржа неодамна во Дојран, беа предложени и 140 проекти од, инфраструктурно, културно, образовно и економско значење. На Дневниот ред се усвои и предлог одлуката за престанок со работа на Јавното претпријатие за дистрибуција на природен гас „КАР-ГАС“, како и давање согласност од советниците на Општина Карпош за издавање под закуп на училишните спортски сали во основните училишта на територија на општината. На 36-тата седница на Советот на Општина Карпош, на Дневниот ред се усвои предлог-одлуката за давање согласност за намена на инвестиција- проект за реконструкција на улица Б,Г,Д и 13 во населено место Бардовци и изградба на улица 15 во истото место. Оттука, произлезе и идејата на повеќето советници, како предлог-иницијатива да се доасфалтира улицата број 6 во Бардовци, како и да се изгради кружен тек на улица број 2 во Бардовци, за безбедно функционирање на жителите од овој дел од Карпош. Исто така, се разгледуваа барањата и за финансиска помош на двајца жители од Општина Карпош за лекување, каде советниците едногласно ја усвоија предлог-одлуката. До крајот на Дневниот ред, советниците дадоа зелено светло и за измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Карпош како и за предлог-решението за именување и дополнување на решението за разрешување и менување членови на управен одбор на јавната установа „Распеана младост“.
Седница на Совет - 11.6.2015