НАГРАДА ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ ПОЛУМАТУРАНТИ

На седницата на Советот, дневниот ред се дополни со уште две точки, Предлог-одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект, изграден во Злокуќани во урбанистичко планска документација со која се врши усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето, која беше едногласно усвоена. 

Исто така, дневниот ред се дополни и со барањето за одобрување на финансиски средства на Синдикалната организација при локалната самоуправа Карпош, доставено од синдикалната организација при локалната самоуправа Карпош, средства наменети за одржување на 21-те спортски игри и средби. Со позитивното гласање за оваа точка, Општина Карпош уште еднаш докажа дека е една од најспортските општини на ниво на Град Скопје. Во текот на седницата, советниците беа едногласни и за останатите точки на усвоениот дневен ред, како предлог-одлука за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2015 година, Предлог-одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект како и предлог-правилник за заштита од пожари и експлозии во 2015 година. Советниците од Советот на Општина Карпош ја усвоија и и дадоа „виза“ за понатамошно реализирање на Предлог-одлуката за воспоставување соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје заради изработка на заштитно-конзерваторски основи за културно наследство
Седница на Совет - 18.5.2015