ОПШТИНА КАРПОШ ДОБИ КОМАНДИР НА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

Оваа предлог-одлука, денеска беше изгласана од страна на советниците од ВМРО-ДМПНЕ и советниците од ГРОМ, додека советниците од СДСМ целосно се повлекоа во донесувањето на одлуката. Истата се усвои по пат на тајно гласање помеѓу тројца искусни кандидати. Дневниот ред се дополни со уште две точки, и тоа Предлог-одлука на тајно гласање за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Карпош и решение за спроведување за предлог-одлука за тајно гласање за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Карпош. На триесет и четвртата седница на Советот на општина Карпош се изгласа и предлог-одлуката за давање под закуп на училишен простор во општинските основни училишта во Општината, како и предлог-одлука за давање согласност за продажба-отуѓување на движна ствар-хаварисано патничко моторно возило. На денешната седница се усвои и предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2015 година до 31.03.2015 година.
Седница на Совет (23.4.2015)