БАРДОВЦИ ЌЕ ДОБИЕ НОВА ГРАДИНКА

Условите за изградба се исполнети и истите ќе се реализираат во наредниот период. Спортските настани се едни од најзастапените манифестации во Општината. За таа цел, на 33-та седница на Советот на општина Карпош, се изгласа разгледувањето на барањето за одобрување на финансиски средства за организација на Државни спортски игри за основните училишта- „Мали олимписки игри – Карпош 2015“, како и предлог-одлука за наградување на професори-тренери и поединечно прогласени ученици-спортисти во училишните спортски игри Карпош 2015. На денешната седница, беше усвоена и одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општина Карпош за изградба и одржување на јавно осветлување околу локалитетот Етно Село. Овој предлог доби „виза“ со тоа што инвестирањето во светилки и поставување е во доменот на Градот, а Општината ќе плаќаат дел од електричната енергија, со тоа што за возврат очекува туризмот во овој дел од Општината да се искачи на повисоко ниво, особено во летните месеци од годината. На седницата беа изгласани и предлог-одлука од инфраструктурниот, финансискиот и урбанистичкиот сектор.
Седница на Совет(31.3.2015)