ПРОШИРЕН КРУГОТ НА ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ

На денешната седница на Советот на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски поднесе иницијатива за збратимување со оваа општина во Северен Кипар, која беше едногласно усвоена. На XXXI седница на Советот на Општина Карпош, се донесе одлука и за зголемување на бројот на деца над капацитетот во неколку јавни установи, детски градинки на територија на Општината. При излагањето на градоначалникот Јакимовски, тој пред советничките групи, како и пред останатите присутни посочи дека врз основа на иницијатива на граѓаните, се бара слободно земјиште на кое ќе се изгради нова градинка во близина на Средно Нерези, за потребите на граѓаните од овој дел на Карпош и за згрижување на најмалите жители од оваа урбана општина, а зголемени барања за згрижување на деца има и во Бардовци и Злокуќани. Со мнозинство гласови, на седницата, се усвоија и Предлог-одлуката за вклопување на бесправен објект, изграден во Бардовци, во урбанистичко-планска документација со која се врши усогласување на намената на бесправен објект со намена на земјиште. Едногласно се изгласаа и предлог-одлуките за барање за доделување на финансиски средства како материјална поддршка за реализирање на проектот „Спортска култура-„Кажи да“ како и Предлог-одлуката за утврдување на интерес за основање на Акционерско друштво за вршење дејност спорт. Посебна расправа се водешe при усвојување на Годишниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2014 година, а беше добиена согласност од мнозинството советници и за користење на средства добиени врз основ на Договор за долгорочно задолжување на Општината. На седницата беа присутни и членови од Центарот за управување со кризи Карпош кои ја изнесоа проценката на загрозеност од ризици и опасности за настанување на кризна состојба на подрачјето на Карпош, за која советниците, исто така, се изјаснија позитивно.
ПРОШИРЕН КРУГОТ НА ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ