ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ - 400.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ОД КАРПОШ

Оваа одлука едногласно беше донесена на денешната 30-та седница на Советот на Карпош со која е одлучено 300.000 денари да бидат издвоени од Буџетот на Општината а 100.000 денари се донација од советниците од сите советнички групи кои за оваа намена еднократно се откажаа од своите паушали. На денешната седница советниците на Карпош донесоа уште неколку значајни одлуки од сферата на урбанизамот, како измените и дополнувањата на урбанистичкиот план вон населеното место „Ски-Водно“ Блок 3 и ДУП за градска четврт 3 08. Од денес престана со работа и ЈП за дистрибуција на природен гас, „КАР-ГАС“ и за него е назначен ликвидатор. 

На дневен ред беа и дваесеттина извештаи за реализација на програмите на сите сектори во Општината во текот на минатата 2014 година кои беа усвоени од советниците, а беше донесена и одлука за субвенционирање на енергетско ефикасни згради. Со усвојување на Деловникот за работа на Советот на млади, младите и официјално ќе почнат да присуствуваат на седниците на советот на Карпош и да учествуваат во процесот на одлучување на локалната власт. На денешната седница „виза“ доби и кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општината,а објектот во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“со гласот на советниците ќе биде даден на приватен концесионер по економски цени на киријата, кој пак, за возврат, ќе изврши целосна реконструкција на градинката
Седница на Совет(20.02.2015)