СОВЕТНИЧКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОМОШ НА ПОПЛАВЕНИТЕ

За точниот износ на помош за поплавените советниците на Карпош, како што предложи Владимир Кировски од ЛДП, ќе се одлучува на првата наредна седница. Единствената точка на дневниот ред на денешната седница, беше Предлог одлуката за измени и дополнување на буџетот на општина Карпош за 2015 година. Односно, се изврши проширување на буџетот во колоната за донации , во износ од пет милиони денари за довршување на реконструкцијата на детската градинка Пролет, со донирани средства од страна на јапонската влада. Беше направено и пренасочување на средства кои што беа наменети за исплаќање на парно греење на основните училишта во Карпош од кредитни во сопствени средства од буџетот на општина Карпош во износ од 20 милиони денари Средствата што се ослободуваат од кредитот ќе бидат потрошени за капитални инвестиции.
Седница на Совет - 10.02.2015