НАМАЛЕН КРИМИНАЛИТЕТОТ ВО КАРПОШ-ИЗВЕШТАЈОТ „БЛОКИРАН“ ОД ОПОЗИЦИЈАТА

Причина за тоа беше недоволниот број на гласови од страна на присутните советници на денешната 28. седница, поточно, апстиненцијата од гласање на советниците од опозициската СДСМ во однос на оваа точка од дневниот ред. Сепак според зборовите на заменик командирот на ПС „Карпош“ од нивна страна се прават максимални напори за зголемување на безбедноста на граѓаните, се работи на доекипирање на станицата со квалификуван кадар кои во иднина би работеле на решавање на евентуалните „тесни грла“ во сообраќајот и воопшто во сферата на безбедноста, јавниот ред и мир. Советниците на Карпош усвоија неколку предлог-програми како онаа од областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Карпош за 2015 година, буџетски календар за 2015 година, а дадоа „виза“ и за дополнување на програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2015 година со проектот за инклузија на децата со посебни потреби во образовната и во севкупната социјална сфера.На денешната седница беше донесена и одлука за објавување на оглас за доделување на финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на општина Карпош, како и за изменување и дополнување на Одлуката за издавање под закуп на училишни спортски сали и друг простор (холови и училници) во основните училишта на територијата на општина Карпош.
НАМАЛЕН КРИМИНАЛИТЕТОТ ВО КАРПОШ-ИЗВЕШТАЈОТ „БЛОКИРАН“ ОД ОПОЗИЦИЈАТА