КАРПОШ ДОБИ СОВЕТ НА МЛАДИ

Со усвојувањето на ваквиот предлог за партиципативност на младината во општина Карпош се потврди ставот дека еден од најважните сегменти за успешна локална власт е учеството во носењето одлуки од страна на млад и квалитетен кадар. На денешната седница на Советот, се усвои и Предлог-одлуката за одобрување финансиски средства за кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“, во износ од 3.000.000 денари, кои ќе се одвојат од општинскиот буџет. За доброто на граѓаните и најмалите жители на Карпош, се усвои Предлог-решението за давање согласност на Статутот на приватната установа за деца-детска градинка „Пиколини“ од Скопје. На денешната седница на Советот на општина Карпош едногласно се усвои и Предлог-одлуката за начинот на формирање на Просторни сили за заштита и спасување, како и видот, големината и организирањето на истите. Работејќи по дневниот ред, советниците дадоа „виза“ и за вклопување на бесправен објект во урбанистичко-планска документација, изграден на територијата на Карпош..
КАРПОШ ДОБИ СОВЕТ НА МЛАДИ