КАРПОШ ЌЕ ДОБИЕ НОВИ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ

Скулптурата на Јуриј Гагарин ќе се лоцира на територија на Општина Карпош на крстосницата на улицата Франклин Рузвелт и булеварот Теодосиј Гологанов на аголот од паркот „Македонија“ кој се наоѓа помеѓу булеварот Теодосиј Гологанов и улицата Јуриј Гагарин.Ова спомен обележје е целосна донација на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија. Карпош исто така ќе добие и нови спортски терени на површина од 80 квадратни метри на Кејот на реката Вардар. Станува збор за објект вреден околу 50.000 евра инаку, исто така, донација од руски граѓанин, Павел Малиновски. На денешната седница советниците од сите советнички групи ги прифатија предлог програмите на градинките во Карпош, а усвоија и повеќе легализации на објекти.
КАРПОШ ЌЕ ДОБИЕ НОВИ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ