ТЕНЗИЧНА СЕДНИЦА ВО „РЕЖИЈА“ НА ДЕЛ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ВО СОВЕТОТ НА КАРПОШ

Меѓу нив како посебно значајни беа измената на Статутот на Општина Карпош, усвојувањето на Предлог-плановите за програми за развој на Општина Карпош за 2015 година, одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош заради проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на станбени и сервисни улици на подрачјето на Општина Карпош. На предлог на матичната комисија беше донесена и одлуката за одобрување на средства на лица со хендикеп на подрачјето на Општина Карпош по повод 3-ти декември-Денот на лицата со хендикеп, како и одлуката за одобрување на финансиски средства за организирање на детски фестивал „Распеани лавчиња“. Во исклучително тензична и деструктивна атмосфера од страна на дел од советниците на СДСМ мина и одлуката за долгорочно задолжување на Општината за заем кај финансиска институција, средства кои би се насочиле во развојни проекти и унапредување на амбиентот на живеење на граѓаните од оваа локална самоуправа.

Со лични дисквалификации, навреди и дофрлања кон градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски, кон колегите советници и кон стручните служби, дел од советниците на опозицијата се обидоа да направат неред и да го пореметат нормалниот тек на денешната седница, вметнувајќи во салата непознато лице, кое во неколку наврати се претставуваше како новинар на дневниот весник „Вечер“ и снимаше дел од дискусиите. Поради ваквите немили сцени, на предлог на советникот на ГРОМ проф.д-р Зоран Поповски, на денешната седница беше вметната дополнителна точка на дневниот ред за формирање Комисија за преиспитување на инцидентот настанат на 23-тата седница на Советот на Општина Карпош составена од членови на советот, од власта и од опозицијата со соодветна застапеност, која ќе има задача да ги испита и иницијаторите на овој немил настан.
ТЕНЗИЧНА СЕДНИЦА ВО „РЕЖИЈА“ НА ДЕЛ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ВО СОВЕТОТ НА КАРПОШ