МЛАДИТЕ „НА ГОЛЕМА ВРАТА“ ПРИ ОДЛУЧУВАЊЕТО ВО ОПШТИНАТА

Меѓу нив, во моментот е најактуелно затоплувањето на овие установи, за кои Општина Карпош прави максимални напори да ги надмине. Општина Карпош во 2009 година наследи 30 милиони денари долгови само за греење, а при блок дотации од 120.000 денари месечно по училиште за ѓубретарина, за потрошен материјал (креди, сунѓери...) за телефон и други давачки, училиштата треба згора да платат од овие пари и парно. Само една сметка за загревање достигнува и до 800.000 денари, што значи дека сиот тој износ паѓа на товар на Општината. 

Ова беа само дел од аргументите кои градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ги изнесе пред советниците на денешната 22 седница на Советот на Општина Карпош, откако се отвори расправа околу евентуалните проблеми со загревањето на училиштата. -Токму затоа, рече Јакимовски, во изминатиот период локалната самоуправа од свои средства одвои по 70.000 евра во пренамена на греењето од Топлификација кон сопствено греење на нафта, но сепак останаа пет училишта кои се уште се на централно греење и на кои плаќањето на оваа услуга им е проблем. Карпош има најголем број на училишта од сите општини во Град Скопје, а прима најмал износ на блок дотации. Оттаму, ваквите финансиски потешкотии , како и проблемот со плаќање на превозот на ученици се едни од најжешките проблеми не само во Карпош, туку во сите општини низ државата, рече Јакимовски. 

На вчерашната седница советникот од советничката група ВМРО-ДПМНЕ Благоја Неделковски ја поднесе иницијативата за формирање на Совет на млади, со што Карпош ќе биде меѓу пионерите на овој план кој е дел од една поширока Национална стратегија. Ова ќе биде една од конкретните мерки за поголема инклузија на младите во општественото живеење но и отворање на врати за формирање други совети, како дел од граѓанската партиципација во активностите на локално ниво. Советниците од сите советнички групи во Карпош денес донесоа и низа други одлуки од интерес на граѓаните од сферата на легализацијата на бесправни објекти. Беше усвоен и кварталниот извештај за реализација на општинскиот буџет. Освен тоа беше донесен и општ акт за село Горно Нерези којшто ќе ја замени документацијата која лани беше укината со Закон. На ниво на цела Македонија, Министерството за транспорт и врски овозможи донесување на општ акт со кој ќе може да се издаваат одoбренија за градба и ќе тече непречено легализацијата. Границите на опфтот со овој акт не се променети.
Седница на Совет (27.10.2014)