„ВИЗА“ ЗА БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ И УЖИНКИ ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ

На дневниот ред на дваесет и првата седница на Советот на општина Карпош, беа предложени 21 точка, кои после образложенијата од претседателите на матичните комисии, сите беа усвоени. Со 21 глас „за“ се изгласаа, Предлог - одлуки за шеснаесет точки кои беа предложени на денешната 21-ва седница на Советот на општина Карпош, додека пак шесттата точка за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за издавање под закуп на училишни спортски сали и друг простор во основните училишта на територија на општина Карпош, беше усвоена со 20 гласа „за“ и еден воздржан. Со еден воздржан глас мина и Предлог - одлуката за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и општина Карпош за изградба на крак од ул. „Војвода Васил Чакаларов“ за пристап и паркинг на станбените објекти „Порта Козле“. Шеснаесеттата точка која се однесуваше за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Карпош за 2014 година, се усвои со 12 гласа „за“ и девет воздржани, а идентичен сооднос на гласови имаше и Предлог – одлуката за разгледување на барањето за одобрување на финансиски средства за реализација на проект „АРТ ПРОЕКТ - ОГРАДА“, доставено од Друштво за услуги „Модна недела корпорација ДООЕЛ„ - Скопје.
Седница на Совет