ТРИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

Беше усвоена Програмата за работа на Советот на Општина Карпош и Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2014 година. Претставниците на Советот со мнозинство гласови се согласија, советникот од ВМРО ДПМНЕ Благоја Неделковски да биде член на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Со одлука на Советот, Горан Михајлов од ГРОМ ќе ја извршува функцијата – член на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Советниците дадоа согласност на Статутот и Правилникот за организација и систематизација на работните места на детските градинки на територија на Општина Карпош ,,Распеана Младост’’, ,,Пролет’’ ,,Мајски Цвет’’ и ,,Орце Николов’’. Едногласно беше прифатено и Решението за давање согласност на Статутот на приватната установа на детската градинка ,,ИПС ГРУП’’ – Скопје.

Седница на Совет(14.03.2013)