ОСУДА НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА И НАСИЛСТВО

Ова беше сублимат од дискусиите и проширените точки на дванаесеттата седница на Советот на Општина Карпош, на која, освен редовните точки на дневен ред, се дискутираше и за последните случувања во Општината. 

На тема на расправа, со индигнација и осуда се најде и речникот кој го користи координаторот на советничката група на СДСМ Магдалена Несторовска во социјалните медиуми во кој му посакува смрт на Градоначалникот на Општина Карпош. На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош која се одржа во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје,беа прифатени повеќе Одлуки со кои се утврдува вклопувањето на бесправни објекти, изградени на катастерските парцели на територија на Општина Карпош, со кои се врши усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето. 

Советниците донесоа одлука со која, претседателот на Советот на Општина Карпош се овластува да ја потпише хартиената хамер подлога на деталниот урбанистички план. Со мнозинство на гласови, народните избраници донесоа решение со кое советничката од СДСМ Магдалена Несторовска се разрешува од функцијата, член на Одборот за соработка и доверба со јавноста при Факултетот за Драмски уметности во Скопје. Детската градинка ,,Снежана – Бланшнеж’’-Скопје, се стекна со Статутот на приватна установа, а општинската детската градинка ,,Орце Николов’’ од Карпош, се стекна со Статутот на јавна установа. 

По кратка расправа беше прифатено решението за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на општинските детски градинки ,,Мајски Цвет’’, ,,Распеана Младост’’ и ,,Пролет’’. Советниците го усвоија Годишниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2013 година и Буџетскиот календар за 2014 година.
Седница на Совет (26.2.2014)