ТАФТАЛИЏЕ 2 СЛАВИ 50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Ваквиот начин на одбележување е на иницијатива на советникот од ГРОМ и Претседател на Комисијата за јавни дејности, Зоран Поповски. Општина Карпош и понатаму важи за една од најспортските општини во државата. Тоа го потврдува усвојувањето на Предлог-одлуката за наградување на професори-тренери и индивидуално прогласените ученици-најдобри спортисти во училишните спортски лиги во Карпош како и одлуката за давање под закуп на тениски терени во сопственост на општина Карпош.Едногласно беше усвоена и Предлог-одлуката за наградување на екипата победник во Младинското државно првенство во кошарка за млади до 20 години.

 Дека општина Карпош изобилува со талентирани деца, го докажуваат средношколците Елена Мерџановска и Теодор Дуевски на кои Советот на Општина Карпош им додели финансиска поддршка за учество на Меѓународниот натпревар по физика, што беше одобрено со 22 гласа. По долгата расправа, со 13 гласа „за“ и девет против се усовија уште седум точки, односно предлог решенија за разрешување и именување членови во училишните одбори на основните училишта на територија на општина Карпош. Директорките на неколку основни училишта во Карпош одговараа и на некои советнички прашања, и конечно со 22 гласа „за“ доби виза и Предлог-заклучокот за усвојување на годишниот извештај за работа на неколку училишта за учебната 2013/2014 година. На оваа седница, во дневниот ред, се додаде и предлог-одлуката за доделување просторија на Црвениот крст во една од урбаните заедници на територија на Општината која беше едногласно прифатена од советниците на општина Карпош.
Седница на Совет(15.7.2014)